На 04.05.2026 во 21:30 часот во СВР Битола, Е.А. (47) од Битола пријавил дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, С.Б. од Битола, со кого од претходно се познавале, физички го нападнал, при што употребил остар предмет и му нанел повреди.
Според пријавеното, С.Б. му го одзел мобилниот телефон, лични документи, пари и лични предмети.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.






