Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на Битола на средба со амбасадорот на Шведска

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска го прими Ола Сулстром, Амбасадор на Шведска во Република Македонија, кој е во официјална посета на Општина Битола. Разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот Коњановски го запозна со Битола градот со богата историја, култура, туристичката мапа и убавините на градот под Пелистер, како и економските потенцијали кои ги нуди Битола и кои се привлечни и за странски инвеститори.

Денеска и градоначалникот и амбасадорот ќе бидат говорници на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) со наслов „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“. 
Коњановски му подари пригоден подарок на високиот дипломат, а тој се
заблагодари за гостопримството.

More from ВестиMore posts in Вести »