Press "Enter" to skip to content

АД ЕСМ и РЕК “Битола“ дел од транспарентниот процес за подобра и позелена иднина

Претседателот на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, Александар Мурговски, и директорот за развој и инвестиции во РЕК “Битола“, Тони Ангелески, беа учесници на дискусија за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), во процесот на Праведна енергетска транзиција.

Главниот приоритет на овој настан на кој се обратија градоначалникот на Оштина Битола, Тони Коњановски, и амбасадорот на Шведска во Македонија, Ола Сулстром, е поттикнувањето конструктивен дијалог помеѓу институциите, локалната самоуправа, бизнис секторот, синдикатите и образовните институции, со цел да се обезбеди кохезија во дејствувањето.Во фокусот на дискусиите беа процесите на преквалификација и дообука на кадар кој ќе може ефикасно да одговори на потребите на современиот енергетски пазар, како и имплементацијата на нови технологии и паметни решенија кои гарантираат долгорочна енергетска стабилност. Преку овие иницијативи се креираат јасни насоки за економски развој на Пелагонија кои се во целосна согласност со еколошките стандарди.

Нашата заедничка цел е транзицијата да биде праведна, што значи дека секој чекор кон обновливи извори на енергија мора да биде проследен со максимална грижа за работните места, локалната економија и севкупната стабилност на регионот.АД ЕСМ и РЕК “Битола“ остануваат цврсто посветени на овој транспарентен процес и на тесната соработка со сите засегнати страни за успешно спроведување на сите планирани активности за подобра и позелена иднина.

More from ВестиMore posts in Вести »