Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележан 9. мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Денеска во Битола со полагање свежо цвеќе беше одбележан 9-ти мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола, претставници на општинската организација на Сојузот на борци, на политички партии и здруженија по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ на Плоштадот „Гоце Делчев“, оддавајќи им почит на борците од Народно ослободителната борба.

More from ВестиMore posts in Вести »