Press "Enter" to skip to content

Училишниот одбор на ОУ “Стив Наумов“ Битола побара и доби постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес во училиштето

По последниот несакан настан во ОУ “Стив Наумов“ од Битола училишниот одбор одржа вонредна седница и како орган на управување во училиштето, согласно надлежностите и обврските утврдени со Законот за основно образование, дискутираше за информациите и реакциите кои се појавија во јавноста во врска со настан поврзан со ученик од училиштето кој преку социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки кон неговите соученици и нивните родители.

На седницата на училишниот одбор едногласно беа донесени следниве заклучоци:

-Училиштето веќе ги презеде сите потребни чекори согласно Законот за основно образование и обврските што ги има како воспитно – образовна институција.

-Училиштето навремено ги извести сите надлежни органи кои треба понатаму да го следат и да го решаваат случајот.

-Од страна на училиштето, до СВР Битола е побаран мониторинг и заштита, а навремено е одобрена поддршка од полиција (постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес во училиштето).

-Во постапувањето по случајот е вклучен и Центарот за социјални работи.

На седницата присуствуваа и сите надлежни педагошки служби од училиштето и беше заклучено дека нема место за паника во однос на безбедноста на учениците додека трае наставата.

Училишниот одбор замоли да не се прифаќаат како вистинити непроверени информации и шпекулации. Сите инволвирани институции постапуваат согласно своите надлежности со цел целосна заштита и безбедност на сите ученици и вработени, како и непречено одвивање на воспитно – образовниот процес.

Училишниот одбор апелираме на воздржаност, разумност, смиреност, редовност и присуство на учениците во наставниот процес и упати благодарност за навремената и безрезервна поддршка од градоначалникот на Општина Битола, Секторот за образование при Општина Битола, ДПИ, инспекциските и експертските служби при СВР Битола и ЦСР Битола за навремената реакција, постојаната координација, професионален пристап и соработката во разрешувањето на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »