Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј го стартуваа подготовките за пролетниот дел

Вчера започнаа и официјално старт зимските мини припреми на одбојкарките на Пелистер Волеј, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната од која сите кагегории очекуваат добри резултати.

Првата, зимска, прозивка ја одржа и тренерот на сениорките, Роберт Митковски, кој вели:

-Сите кои се во тимот се јавија на првата прозивка, која на имавме во нашата база, салата на Медицинското училиште,  а асвен една одбојкарка која е со настинка, на првата прозивка се јавија сите останати. Изненадува добрата форма која одбојкарките ја покажаа на првиот тренинг, а тоа ќе значи и дека и за брзо ќе преминиме на уигрување на екипата. Секако, за десеттина дена ќе закажиме и контролни натпревари кои ќе бидат увертира во вториот дел од сезоната како и претходница на КУП натпреварите кои исто така започнуваат во пролетниот дел.

За амбициите со кои одбојкарките влегуваат со пролетниот дел и завршницата на оваа сезона и дали планираат евентулано засилувања во тимот, Митковски додава

-Задоволни сме од прикажаното во есенскиот дел и формата на екипата, па во преодниот рок кој трае до 17.01, Пелистер Волеј воглавно ќе се базира на истиот состав и ќе направиме само некои мини корекции односно дополнување на примачката линија, како и на позицијата среден блокер, секако од помладите свои категории. Или кратко речено, остануваме да се надигруваме со противниците со домашни, битолски сили.