Уте во СИЦ при УКЛО Битола ќе се одржи меѓународниот настан „CoLab: From By-products to Functional Foods – Sustainable Approaches for Consumer Health“, посветен на иновативните и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените нус-производи во функционална храна со додадена вредност за здравјето на потрошувачите.
Колабораториум го организира УКЛО КОЛОРС со партнерите универзитетот Jan Dlugosz University, Poland University Castila La Mancha, Spain кои се дел и од Агендата и од учесниците.
Настанот ќе обедини експерти, истражувачи, претставници од индустријата и академската заедница кои ќе дискутираат за: одржливо управување со прехранбени нус-производи, развој на функционална храна, циркуларна економија во агро-прехранбениот сектор,иновации за подобро јавно здравје и одржлива исхрана.
Преку презентации и дискусии ќе бидат претставени современи европски практики и научни достигнувања кои придонесуваат кон намалување на отпадот од храна и создавање нови, нутритивно вредни производи.






