Press "Enter" to skip to content

Денес 11. седница на Советот на Општина Битола

 
Советот на Општина Битола денес ја одржува својата 11-та седница. На дневен ред ќе се најдат завршните сметки за 2025 година на основните училишта, како и извештаите за реализација на програмите за одржување на комунални објекти, инсталации, локална патна мрежа и улиците во општината за 2025 година, програмата за користење и одржување на улично осветлување, програмата за уредување на градежното земјиште, програмата за организирање и функционирање на зимската служба.
 
Пред советниците ќе се најдат и годишните извештаи за реализација на програмата за еднакви можности за 2025, програмата за култура, за образование, социјална заштита, волонтерство, за спорт и млади и други извештаи за реализација на програмите за ланската година.
Советот ќе расправа и за програмата за измени и дополнување на програмата за развојни планови за периодот 2026-2028 година, потоа за општинскиот енергетски план за 2027 и акциониот план за млади за 2026-2027 година
More from ВестиMore posts in Вести »