Денес, петок, 15 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, сабота, 16 мај, во Битола, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Температурата во Битола до 22 степени.





