Денес, недела, 17 мај времето беше променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Дуваше умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, на моменти над 60 km/h. Температурата во Битола беше до 20 степени.
Утре, понеделник, 18 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола ќе биде до 22 степени.






