Денес, понеделник, 18 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, вторник, 19 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови, грмежи и засилен северозападен ветер. Температурата во Битола до 20 степени.






