Press "Enter" to skip to content

Денес 12. седница на Советот на Општина Битола

Претседателот на Советот на Општина Битола за денес, со почеток во 10 часот ја закажа 12. седница на Советот на која ќе се расправа и донесуба одлуки за членови на Управни и Надзорни одбори и за идна урбанистичко планска документација.

Дневниот ред е:

1. Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈКП „Водовод“Битола и разрешување вршител на должност член во Управен одбор во ЈКП „Водовод” Битола.

2. Решение за именување на членови во Надзорниот одбор на ЈП СИЗ „Жабени“Битола и разрешување вршители на должност членови во Надзорниот одбор во ЈП СИЗ „Жабени“ Битола.

3. Решение за именување на членови во Управниот одбор на ЈП ЗУППИ Битола и разрешување вршители на должност членови воУправен одбор во ЈП ЗУППИ “Битола.

4. Решение за именување на член во Надзорниот одбор на ЈП ЗУППИ Битола и разрешување вршител на должност член во Надзорниот одбор во ЈП ЗУППИ Битола.

5. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Логоварди во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 1238 КО Логоварди).

6. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Логоварди во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 1487 КО Логоварди).

7. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Доленци во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 901 КО Доленци).

8. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Драгожани во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 817 КО Драгожани).

More from ВестиMore posts in Вести »