Петок, 22 мај, 19:30 Кино Манаки, Битола
„Na Rubu Znanosti“ во Битола! Случајно…или не? Синхроницитетот е појава што го нарушува причинско-последичниот тек и има значење за оној на кого му се случува. Така овој необичен, а сепак чест настан во човечките животи го дефинирал Carl Gustav Jung.
Но, синхроницитетот не е само субјективна појава, бидејќи и самиот свет и природата се покажуваат синхронизирани на многу начини. Што ни кажува феноменот на синхроницитетот, кој во 21 век се зголемува, за самата природа на светот?
Како што поминува времето, сè повеќе луѓе почнуваат да ги читаат знаците, а на ова предавање се добредојдени сите кои имаат чувство дека можеби случајностите и не постојат…
Крешимир Мишак е писател, новинар, истражувач на граничните подрачја на човечкото знаење и музичар. Од 2002 година на Hrvatska radiotelevizija (HRT) ја уредува и води култната емисија Na rubu znanosti. Автор е на повеќе од 10 книги и добитник на неколку награди за неговите книжевни дела.
Настанот е организиран од неформалниот културно уметнички колектив „Аристон“, Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“, Киноверзум и КИЦ Битола. Медиумски покровител е првиот дневен весник во Република Македонија „Нова Македонија“, а поддржувачи се и А888 Маркетинг, Virtualno360.hr, Emkice KIC & Acrid Network и Golden Sani Invest. Влезниците во претпродажба се достапни на tix.mk.






