Press "Enter" to skip to content

Завршен настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

Денес се одржа завршниот настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“  На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, институции, организации, земјоделци и партнери кои активно учествуваа во реализацијата на проектот.

Во своето обраќање граоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски истакна дека превенцијата и заштитата од пожари се од огромно значење за зачувување на земјоделските површини, животната средина и безбедноста на граѓаните.-Во рамките на проектот беа реализирани: неколку едукативни работилници за земјоделците, показни вежби за превенција и справување со пожари,  активности за подигнување на јавната свест и  акција за пошумување со околу 1.100 садници од јавор, питом и див костен и евла кај спортско-рекреативната патека во Новаци, рече Стевановски.

Дополнително, најавено е продолжување на активностите со засадување дрвја на улиците кои водат кон новата Индустриска зона во Новаци.На настанот беа презентирани и резултатите од повеќе проекти поврзани со управување со пожари, зајакнување на локалните капацитети и заштита на животната средина.

Стевановски искажа голема благодарност до Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), Владата на Швајцарија, партнерските организации, институциите, земјоделците и сите учесници кои дадоа придонес за успешна реализација на проектот.-Она што што сакам да го истакнам бидејќи се работи за противпожарна единица која не е само за Битола, туку и за Новаци и Могила, се зафативме со еден голем односно капитален проект, а тоа е изградбата на новата противпожарна зграда во делот на некогашната касарна. Пожарникарите, односно единицата да имаат ефикасност потребни се добри
услови за престој, подготовка и интервенција, рече Коњановски.

Општина Новаци продолжува активно да работи на проекти за заштита на природата, безбедноста на граѓаните и развој на земјоделството. 

More from ВестиMore posts in Вести »