Тренерот на ракометниот клуб Пелистер, Јошко Петровиќ, денес во 18,30 часот, во редовниот термин за тренинг и натпревари ја одржа прозивката, а веднаш потоа и првиот тренинг во рамките на зимските подгововки.
За планот за работа на подготовките, Јошко Петровиќ рече:
-Комплетно подготовките ќе бидат во Битола во вакви ладни временски услови, ладна сала, но нема друга опција. Ние имаме доста време да го подготвиме тимот, до 2 март, кога започнува пролетниот дел. Тргнуваме денес, полека, некои работи ќе ги работиме на друг начин и се надевам дека се што планирам да се сработи комплетно. Екипата да го одработи својот дел од работата и подготвени да ги пречекаме четирите натпревари од Супер лигата и претстојниот плеј-оф, што е најважно.
Што се однесува пак до играчкиот кадар и амбициите на Пелистер, Петровиќ вели:
-Тоа што ми е на располагање ,со тоа, максимално ќе работиме, исто како и од кога дојдов во Пелистер. Се надевам дека и вака екипирани ќе бидеме рамноправен противник со четирите екипи кои ќе бараат излез во Европа, што е и амбицијата на клубот. Тоа е мојата цел и мојата желба. Дали ќе успееме, или не, ќе покаже времето.
За евентуалните засилувања во Пелистер до крајот на преодниот рок кој е до 28 февруари, тренерот Петровиќ ни рече:
-Во овој период засилувања се неопходни, бидејќи ние сме во дефицит со играчи. Нам ни е проблем голманското место, десниот бек уште поголем проблем, а сигурни ни е потребен уште еден квалитетен ракометар. Се што е критично ќе треба засилување, а пред се голман и десен бек, ако тоа го решиме, а ако дојде уште еден ракометар е добродојден, а ако не ќе бидат доволни двајцата. Тоа е некој минумум кој мора да го имаме во секој случај, а за отпуштените ракометари додаде:
-Јас отпуштив четири ракометари, не затоа што јас сакав, туку затоа што морав, а тоа се случи бидејќи тие немаа квалитет да играат за Пелистер. Сите сакаме да се игра се подобро и подобро, да се работи подобро и да се постигнуваат резултати, а тие не се наметнаа во тимот и во начинот на работа. Но, кога четворица ќе си заминат, на нивно место мора да има нови.
Дали со некои ракометари се преговара, тренерот Петровиќ дипломатски одговори:
-Никогаш никој тренер не зборува ако нема позадина за тоа, па така и јас. Јас се добро смислив и тој дел мене повеќе не ме интересира, и се надевам дека се ќе биде завршено до крајот на февруари. Не се сега проблем засолувањата, сега сите ќе работат, а јас би сакал се да биде готово, околу идните ракометари на Пелистер, до 10 февруари, да имаат новајлиите доста време да се вклопат во тимот и да се воиграат.
Петровиќ заедно со спорсткиот директор, Златко Димитровски, во фаза на договарање се и на пријателските натпревари кои треда да се одиграат во завршницата од подготовките.






