Иван Петрески од Факултетот за безбедност – Скопје е прогласен за најдобар оратор на државниот натпревар по повод Денот на Европа – 9 Мај, организиран oд Европското движење во Македонија, во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел.
Уште еден значаен успех за УКЛО постигна и Марија Стојановска од Педагошкиот факултет – Битола, која го освои третото место.
Традиционалната манифестација се одржа на 20 мај 2026 година со учество на студенти од повеќе универзитети во државата. Со говорот на тема „Зошто си заминуваме?“, Иван Петрески ги воодушеви присутните и жирито, освојувајќи го првото место. Благодарение на говорничките вештини и убедлив настап и неговата колешка Марија Стојановска е меѓу најдобрите студентски оратори.
Големиот успех за студентите на УКЛО претставува продолжение на нивното забележително учество во рамки на годинашниот УКЛО ТРИВИУМ – настан организиран по повод Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде младите преку ораторство, аргументирано и критичко размислување ги споделуваа своите идеи и ставови за современите општествени предизвици.

Голем успех за УКЛО Битола на државниот ораторски натпревар
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП „Водовод“ Битола: утре прекин во водоснабдувањето во Оптичари го граничниот премин Меџитлија поради санација на дефект
- Концертот на Битолскиот дувачки оркестар посветен на “Битлси“ ги воодушеви битолчани (фотогалерија)
- ФК Крошу Спорт и шампионската титула за сезона 2025/2026 (фотогалерија)
- Денес е “Спасовден“ – 40 дена од Христовото Воскресение
- СВР Битола: закана за малолетник и физички напад





