Љупчо Коцкар Илиевски од Битола повторно ќе биде на авто-патеката, а во Скопје ќе се натпреварува во категорија авто-слалом натпреварот“ со историски возила, а тоа ќе биде еден од седумте натпревари кои ќе се бодуваат за Државното првенство за 2026 година.
Натпреварите се дел од државното “TSD Авто слалом првенство“, а ќе се одржи в недела (24 мај), на паркингот пред спортската сала “Борис Трајковски“ во Скопје, односно на големиот паркинг и патеката околу него, лоциран меѓу хотелот “Александар Палас“, објектот на пливачкиот базен и спортската сала “Борис Трајковски“.
Љупчо Илиевски ќе биде дел од натпреварување во техничко и спретно возење, на однапред одбележана патека (бележење со чуњеви на паркинг просторот), каде се натпреваруваат возачи со класични олдтајмери и јангтајмер возила, како и возачи на спортски возила постари од 20 години.
С. Ристевски






