Press "Enter" to skip to content

Панел дискусија “OUTFIT или ИДЕНТИТЕТ? – како социјалните мрежи ја менуваат модата“

На 28 мај 2026 година, со почеток од 18:30 часот во “café bar Repeat“ во Битола, ќе се одржи младинска панел дискусија посветена на влијанието на социјалните мрежи врз модата, самодовербата и идентитетот кај младите.

Настанот е во организација на Идеал Контакт, Ministry of Second Hand.

Преку искрени разговори, лични искуства и интерактивна дискусија, панелот ќе отвори теми за трендовите, online притисокот, влијанието на Instagram и TikTok, како и потребата младите да останат свои во свет полн со копии и наметнати стандарди.

Панелот носи и силна порака за одржлива мода и second hand културата — дека секое парче облека може да добие нов живот, а стилот да биде израз на личноста, а не само следење трендови.

Модератор на настанот е Марина Атанасовска, а гости на панелот се: Марија Магдалена Микаровска, Снеже Велков, Емилија Геровска, Александра Шијаковска, психолог Марина Кузмановска.

Организаторите посочуваат дека целта на настанот е младите да се поттикнат на размислување, самодоверба и автентичност, преку современи и интерактивни форми на едукација надвор од класичната училница.

„Стилот е избор. Идентитетот е твој.“

More from ВестиMore posts in Вести »