Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел без возачка, 16 годишник “фател“ како вози „голф“ без возачка, приведен битолчанец за физичка напад на 17 годишна битолчанка

На 24.05.2026 во 07:13 часот на ул. „8 Септември ” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице Ј.Д. од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Д., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2026 во 17:50 часот на ул. „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од с. Праленик, општина Центар  Жупа. При контрола во сообраќајот,полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“со дебарски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.   По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 23.05.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во 07:40 часот физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
More from ВестиMore posts in Вести »