Press "Enter" to skip to content

Србинот Александар Станојевиќ, првото странско засилување во РК Пелистер

Една од желбите на тренерот на ракометниот клуб Пелистер, Јошко Петковиќ, за засилувањата на тимот е остварена. Како ново засилување на Пелистер на бековската десна позиција, за која тој ја потенцираше, е неговиот сонародник, Србинот, Александар Станојевиќ.

Станојевиќ има 33 години, и е дете на белградски Патризан, а има настапувано и за Гумерсбах, Вецлав, ПСЖ и Горење, а има забележителни настапи во клубови во Турција и Блискиот исток.

Според неговото си-ви се работи за искусен ракометар кој има во својата кариера и освоено сребрен медал со младинската репрезентација на Србија и Црна Гора, а за сениорската репрезентацијата има одиграно 32 натпревари, а последен настам имал во 2017 година.

Станојевиќ има настапувано и скопски Металург.