Денес, четврток, 28 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, петок, 29 мај, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 25 степени.






