Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник првата проба ја имаше со унгарски ПИК Сегед

Еурофарм Работник – ПИК Сегед 30:24 (13:11)

ПИК Сегед: Алиловиќ, Шоштариќ, Македа 7, Бомбас 3, Габер 2, Калман 4, Сунајко 1, Марцика, Каспарек 3, Родригез 2, Бајуш, Тот, Сануи.

Еурофарм Работник: Чаневски, Ѓукиќ 7, Петровски, Куковски, Марковски 3, Пецаковски 2, Ојлевски, Трајковски, Ивановски, Граџан 5, Талевски 1, Куковски, Мандиќ.

Екипата на Еурофарм веќе втора седмица се наоѓа на подготовки во Србија, а го одигра и првиот контролен натпревар, против силната екипа на унгарскиот ПИК Сегед.

Првото полувреме резултатски во знак на Еурофарм Работник (13:11), а во второто полувреме унгарците, кои и беа фаворити, ја анулираа преднсоста и дојдоа до победа од 6 гола разлика (30:24).

Екипата на Еурофарм Работник настапи беа тројцата репрезентаивци кои од нивните редови, Кузмановски, Чурлевски и Крстевски, настапувата во македонската репрезентација во Минхен, Германија.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Работник беше десното крили Ѓукиќ со седум постигнати гола.

Втората контрола “фармецевтите“ ќе ја имаат в сабота против екипата на Спартак од Суботица.