Press "Enter" to skip to content

Мечка нападнала стадо во Крклино, удавила и изела една овца, алармирани сите институции

На 30.05.2026 во 11:30 часот во СВР Битола жител на село Крклино,битолско пријавил дека истиот ден во околу 09.30 часот во атарот на село Крклино кај м.в. Црна Река од страна на мечка му било нападнато стадото со овци, при што удавена и изедена била една овца.

По повод овој немил настан се огласи градоначалникот Коњановски:

-Ги контактирав и информирани се и Центарот за управување со кризи и инспектор за лов при државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Ќе се исптрати допис до Министеството за земјоделие и Министерството за животна средина кои се надлежни за постапување во вакви ситуации за соодветна реакција од страна на надлежните со оглед на тоа што се работи за мечка, животинска врста која е ставена под заштита на законот, соопшти Коњановски
More from ВестиMore posts in Вести »