Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со умерена облачност, температурата до 27 степени

Денес, недела, 31 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 27 степени.

Утре, понеделник, 1 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 27 степени.