Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер поради студот домаќин во Охрид, но поразен од Фени

Пелистер – Фени Индустри 86:90 (19:30, 18:17, 23:29, 26:14)

Спортска сала “Билјанини извори“ 

Судии: Митровски, Дабвидов, Крстевски.

Пелистер: Билер 34, Арсовски 8, Харис 14, Атанасовски, Голубовиќ 17, Трајковски, Ѓоргиевски, Обедниковски 5, Давков, Илиевски, Талевски 6, Захариевски 2.

Фени Индустри: Палиќ 16, Бакоц 8, Фундербург 18, Мајер 16, Петровски 23, Мелов, Марковски 5, Златев, Милков 4, Кицев, Коцев, Сапунџиев.

Поради екстремно студената спортска сала во Битола, екипата на кошарскиот клуб Пелистер се одлули натпреварот против екипата на Фени Индустри да го одигра во Охрид, како домаќин, а поради неподгивена спортска сала на стартот на сезоната Пелистер наместо во Битола играше во Кавадарци.

“Пелистерци“ добро го започна натпреварот и во првата половина од првата четвртина имаа констанстно водсто, а кавадарчани поведоа по 5 минути за прв пат 12:14. Потоа следуваше серија на Фени за 12:22, беа кош на “пелистерци“, а за до крајот да биде 19:30, што беше и одлучувачко за тоа кој ќе биде победник.

Во втората четвртина беше 18:17 за Пелистер, а на одмор кошаркарите на Пелистер заминаа со -10 (37:47).

На стартот на третата четвртина Пелистер намали на -5 (42:47), а по две минути и на -4 (45:49). Но за брзо Фени се врати на  разлика +14 (46:60), а крајот беше 60:76.

На средината на последната четвртина беше -8 (72:80), а на две минути до крајот Пелистер дојде на -2 (82:84), а така беше и на само 17 секунди до крајот 86:88. Но, за жал “пелистерци“ не стигнаа до израмнување и водство за прва пролетна победа.

Тренерот на Пелистер, Тодоровиќ им даде шанса на младите, Борјан Обедниковски имаше забележителна минутажа од 25 минути на терен, а во тимот го немаше Трсунов.