На денешниот едукативен настан организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола на тема ,,МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИ” беа присутни стручни работници од основните и средните училишта, претставници од советите на родители, здруженија на граѓани, невладини организации, советници, претставници од советите за детско престапништво, женско претприемништво и младинскиот локален совет, како и граѓани на Општина Битола.
-Во време на брзи промени, бројни предизвици и секојдневен притисок грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Разговорот за емоциите, поддршката на младите и меѓусебното разбирање не треба да биде табу, туку дел од нашето секојдневие, истакна претседателката на Советот за социјална заштита
Марина Крстиќ.
На самиот настан беше доделена и благодарница на Алексеј Ивановски како признание за неговите хумани вредности и несебична поддршка кон заедницата. Грижата за менталното здравје е инвестиција во иднината на младите.

Едукативен настан на Советот за социјална заштита “Ментално здравје кај млади“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта





