Со заклучни согледувања, сумирани констатации и идни чекори – успешно заврши првиот Скопски безбедносен форум (Skopje Security Forum 2026) на тема „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“.
Овој значаен меѓународен настан организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово обедини врвни креатори на политики, академици, дипломати и безбедносни практичари од земјата и странство. Главниот заклучок од Форумот е дека безбедноста повеќе не е само воена категорија. Таа е рефлексија на институционалните капацитети, технолошката отпорност, владеењето на правото и едукацијата на младите. Изнесените клучни наоди, главните поенти и презентираните анализи и препораки ќе бидат објавени во официјален Зборник на трудови.
Водечката улога на УКЛО при реализацијата на Форумот потврдена е со ангажманот и учеството на повеќе академски кадри од Универзитетот. Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, ги истакна предизвиците за регионалната и европската безбедност во контекст на војната во Украина, хибридните закани и сајбер криминалот. Проф.д-р Жидас Даскаловски говореше за Западен Балкан како центар за идеи и стратегии и влијанието на големите сили врз регионалниот развој. Панелистот, проф. д-р Никола Дујовски ја истакна важноста од развојот на институционалните капацитети и демографските предизвици како клучен безбедносен фактор.
Покрај претседателот на Организацискиот одбор на Форумот, проф. д-р Александар Иванов, зад беспрекорната организација и логистика на настанот меѓу најзаслужните се и деканот, проф. д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Кире Бабаноски, во својство на секретар на одборот и модератор на еден од панелите, сите од Факултетот за безбедност – Скопје.
Во оваа пригода, беше изразена благодарност до ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, за неговата доверба и поддршка во градењето на оваа важна платформа. Воедно, особена благодарност е упатена и до проф. д-р Рената Петревска Нечкоска и нејзините напори за зајакнување на меѓународната соработка и европската интеграција преку европската универзитетска Алијанса КОЛОРС. Настанот е кофинансиран од Европската Унија и е поддржан од Алијансата КОЛОРС, чија рамноправна членка е и УКЛО.
Форумот се одржа на 15 јуни 2026 година, во салата Под купола во македонското Собрание.

Значаен придонес на УКЛО Битола на рвиот Скопски безбедносен форум
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Вистинска парада на гордоста” во Битола, по Широк Сокак, по 5. пат (фотогалерија)
- СВР Битола: сообраќајка на три возила со пет повредени – приведен еден од возачите, приведување за марихуана
- Мјузиклот “Као какао“ во Битола официјално го започна “Битфест 2026“ (фотогалерија)
- СВР Битола: кривична за поранешен директор на “Стрежево“, спротивно на одредбите три пати сменил работно место на вработен
- Во Битола сончево и топло, температурата до 31 степен





