Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 27 степени

Денес, четврток, 18 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, врмето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Температурата во Битола до 27 степени.

Утре, петок, 19 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.