На барање на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на прегледноста на патниот правец низ Националниот парк Пелистер кон Хотел Молика, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија Пат, во текот на денешниот ден изврши косење на тревната вегетација и расчистување на делови од патот.
-Со оваа активност значително се подобрува видливоста за учесниците во сообраќајот, како и целокупниот изглед на патниот правец кој води до Хотел Молика. Во оваа прилика, упатуваме искрена благодарност до ЈП “Македонија Пат“ за нивната поддршка, професионален ангажман и посветеност во насока на обезбедување поголема безбедност за посетителите и создавање на подобри услови за сите гости на Националниот парк Пелистер и хотел “Молика“, соопштија од хотел “Молика“.

Расчистен патот до хотел “Молика“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп
- Пелистер со хет-трик на Ивановски до победа на Осогово и до три бода (фотогалерија)
- Томе Кирјази од АК Олимп го истрча Чикашкиот маратон
- Проф. д-р Горан Илиќ учествуваше во реномираната американска лидерска програма IVLP во САД
- СВР Битола: приведување за дрога





