На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.М. (37) од Штип затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 48 годишник од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 47 годишник од село Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.06.2026 во 09:25 часот на патот Битола-граница со Грција, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Ш. (21) од с.Кукуречани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. и при извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.06.2026 во 17:30 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.В. (22) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото без возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.06.2026 во 21:15 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.О. (46) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од М.О. и при извршени проверки, било констатирано дека го управува мопедот без возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.






