Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за дрога и возење на мопед без возачка дозвола

На 02.07.2026 во 12:30 часот на ул. „15-ти Мај“ во  Битола полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 32 и 34 години, двајцата од битолско, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок

На 03.07.2026 во 01:15 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Н. (32) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Б.Н , при што констатирано било дека истиот управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »