Press "Enter" to skip to content

УКЛО со повик за учество во програмата на европската ноќ на истражувачите 2026 во Битола

Организацискиот тим на Европската ноќ на истражувачите и Истражувачи во училишта при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола објави повик за вклучување во програмата на годинашното издание на најголемата европска манифестација посветена на науката, што ќе се одржи на 25 септември 2026 година.

Повикот е наменет за факултети, институти, истражувачи, научници, наставници, ментори, студенти, ученици, лаборатории, членови на УКЛО Мрежата, соработници, компании, организации и сите ентузијасти кои преку своите идеи, проекти, истражувања, иновации или научно-популарни активности сакаат да придонесат во креирањето на програмата.

Организаторите ги охрабруваат сите заинтересирани да предложат интерактивни демонстрации, експерименти, работилници, изложби, кратки предавања, презентации на истражувања, научни игри, технолошки прикази, успешни приказни од домашни и меѓународни проекти, како и други креативни содржини што ќе ја доближат науката до граѓаните.Програмата ќе се креира врз основа на доставените пријави, а организацискиот тим ќе стапи во контакт со сите пријавени за заеднички да го осмислат најсоодветниот начин на нивно учество. Дел од предложените активности ќе бидат реализирани не само на централниот настан, туку и во рамките на придружната програма во деновите пред и по Европската ноќ на истражувачите.

Настанот се организира во рамките на проектот GreenStars – Choose Science: Building up society through research and innovation, финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Унија, а УКЛО го реализира како член на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, во партнерство со УКИМ, УГД, МАНУ, НЦДИЕЛ и МЕД.

Сите што сакаат да бидат дел од програмата можат да ја пополнат прелиминарната пријава преку соодветен формулар: https://forms.gle/TMW5kYMJShA6hNW6A

Линк до повикот: https://uklo.edu.mk/povik-za-registracija-evropska-nokj…/

Организаторите упатуваат порака до сите љубители на науката – Заедно да ја доближиме науката до граѓаните!.

More from ВестиMore posts in Вести »