Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден параглајдерист – слетал во Породин, опожарени две товарни возила, приведување за марихуана

На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на  ул. “Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две  товарно возило  „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 05.07.2026 во 17:25 часот, на ул. „Тепсија” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 20 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »