Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 32 степени

Денес, вторник, 7 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне услови за појава на нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 32 степени.

Утре, среда, 8 јули, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 33 степени.