Press "Enter" to skip to content

“Сфера Македонија“ еден од партнерите на проектот “DESIGN YOUR JOB 4“ (фото)

Од 16 до 23 јануари “Сфера“ го организира првиот тренинг во Битола во хотел “Театар“, каде што 12 учесници од Србија и Македонија започнаа со обуката за 3Д моделирање, а целта е да се користат од Агенциите за вработување во вклучените држави кои се вклучени во проектот.“Сфера Македонија“ е еден од партнерите на проектот ‘’DESIGN YOUR JOB 4’’ кој е финансиран од програмата Еразмус плус на ЕУ за Западен Балкан, Клучна Акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики кој е создаден со цел да се адресира еден од најголемите проблеми во регионот на Западен Балкан, а тоа е невработеноста на младите луѓе и нивното масивно иселување од регионот со надеж дека ќе најдат подобри можности во развиените земји.

-Во секторот за Информатички и комуникациски технологии (ИКТ) постојат големи можнисти за адресирање на овај проект, бидејќи ова е сектор кој што е во константен раст а со тоа постои и константна потреба на работна сила. Во многу држави во регионот не постои систематска програма која што би нудела ИКТ прекваливикација на млади невработени луѓе од регионот. Затоа го создадовме овај проект, со цел да одговори на проблемот на невработеност и недостатокна работна сила во ИКТ секторот на ниво на Западен балкан, но и цела Европа, истакнуваат од “Сфера Македонија“.Проектот е четврта едиција од проектите под името “Design Your Job” со цел во еден долгорочен процес да се развијат едноставни и кратки ИКТ едукативни програми, проследени со продукција на нови наставни програми, алатки, материјали кои ќе се тестираат преку симулација и преку тестирање во реалниот сектор.Целта е овие програми да се користат од Агенциите за вработување во вклучените држави во проектот, со цел да ги преквалификуваат невработените луѓе кои што неможат да најдат соодветно работно место според завршеното образование.

Во наредните 2 месеци учесниците ќе ја продолжат обуката онлајн, и ќе добиваат работни задачи, инструкции и поддржка од тренерот. Наредниот тренинг ќе се одржи во Нови Сад во текот на месец април 2019 година. Апликант на проектот е организацијата РЕС ПОЛИС од Србија и проектот ќе биде со времетрање од 12 месеци.