Press "Enter" to skip to content

Голманот Филип Трајчевски се врати во Пелистер, го оствари детскиот сон (фото)

Со новата играчка реорганизација на фудбалскиот клуб Пелистер, во тимот Управата го врати младиот голман од Битола, Филип Трајчевски.

Тренингот на Пелистер каде беше и Трајчевски го искористивме за да го прашаме за мотивите за враќање во Пелистер.

-Враќањето во Пелистер за мене значи многу, бидејќи тука ја поминав младинската школа и сон ми беше да настапувам за ФК Пелистер, а ова за мене значи остварување на еден детски сон од времето кога започнав да тренирам фудбал, да застанам на голот на Пелистер. Трајчевски во Пелистер доаѓа од Струга, каде настапуваше за фудбалскиот клуб Трум Љум, а претходно настапуваше во ФК Вардар, каде дебито го имаше против битолски Пелистер.

Но, сонот е едно а сегашноста е друго, сега како прв голман на Пелистер, Филип Трајчевски, за очувањата во пролетниот дел вели:

-Очекувам прво да се стабилизираме како клуб и да бидеме на некои пристојно место на табелата, а секако како и сите битолчани очекувам заедно со Пелистер да бидам во Првата лига. А на личен план си посакувам многу успеси, и да растам заедно со фудбалскиот клуб Пелистер.