Press "Enter" to skip to content

ЖРК Пелистер двете средби од осминафиналето од Челинџ ќе ги ирга во Ниш, Србија

Наместо на 2 февруари да се игра првиот натпревар од осминафиналето од женскиот Челинџ куп, битолчански двете средби против екипата на  Наиса од Ниш, ќе ги играат во гости на 9 и 10 февруари.

Раководството на клубот се реши двата натпревари против српскиот претставник Наиса да ги одиграат во Ниш, а кои се причините за ваквата одлука се уште не се познати, односно нема офоцијално соопштение од клубот.

Претходно девојките од Пелистер во две средби славеа победа над тимот на Ле Сал од Малта, а избранилките на Викторија Блажевска со големи амбиции го очекуваа дуелот со Наиса, но со два натпреаври во гости за два дена во Ниш, ќе имаат проблеми да стигнат до четвртфиналето од Челинџ купот.

ЕФХ веќе ги делегира и судиите за овој двомеч, а судиската правда ќе ја делат Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан.