По повредата на коленото, битолскиот фудбалски интернационалец, Марјан Алтипармаковски, денес го оперираше коленото, а по некој ден ќе ја започне рехабилитацијата која ќе трае неколку месеци.
По излегувањето од операционата сала, Алтипармаковски ни рече:
-Повредата на колето е санирана, а по хируршката интервеција веќе сум во соба, каде најверојатно ќе поминам 2-3 дена. Инаку, операцијата ја изврши проф. д-р Зоран Несторовски во болницата “8-ми Септември“ во Скопје. Чуствувам болки бидејќи ова е рана фаза по операцијата, но се надевам дека за некој ден билките ќе се смират и ќе ја започнам и рехабилитацијата, која за жал нема да биде лесна.
Марјан Алтипармаковски е фудбалер на албански Љачи, а таму дојде од босанскиот клуб Сараево, а имаше и забележителни настапи за Пелистер и Работнички.






