Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола – градот на конзулите, културата и традицијата, град кој со своето историско наследство, образовен развој и современ потенцијал претставува еден од најзначајните центри на Пелагонискиот регион и важен двигател на развојот на државата.
Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите.
-Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа, порача Димитриевски.
Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ е политички субјект кој произлезе од граѓаните и дека токму непосредната врска со луѓето е она што го прави различен на политичката сцена.
-ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред се во довербата што ја добиваме од луѓето. Токму затоа остануваме меѓу граѓаните, да ги слушаме нивните проблеми, да разговараме за нивните потреби и да работиме на решенија што ќе донесат подобар живот. Довербата не се добива со зборови, туку се заслужува со работа, одговорност и резултати што граѓаните можат да ги почувствуваат, истакна претседателот на Движењето ЗНАМ.
На панел-дискусијата се обратија и претседавачот со Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ, државен секретар и кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Филков се осврна на реформските процеси во областа на правосудството, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалната одговорност, посочувајќи дека силните институции и еднаквата примена на законите се основа за стабилна и европска држава.
Во контекст на политиките кои треба да создадат стабилна и развојна држава, Серафимовски говореше за состојбите и предизвиците во земјоделството, поддршката за земјоделските производители, подобрувањето на условите за работа и создавањето сигурност за луѓето кои се темел на домашното производство и развојот на руралните средини.
Движењето ЗНАМ се залага за остварување на своите цели и посветено работи на остварување на истите – Македонија како модерна европска држава со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија, конкурентно земјоделство и еднакви можности за секој граѓанин, држава која својата иднина ја гради со работа, знаење и одговорност.

ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина
More from ВестиMore posts in Вести »
- Со “ЈК Травел“ – Битола во Парга – медитеранскиот бисер на Јонско Море, доживување кое не се заборава (фотогалерија)
- Во Новаци првата форумска сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“
- СВР Битола: приведувања за возење без возачка на автомобил и мопеди, нарушување на ред и мир, пронајден стара граната
- Денес е празник на големите господови лекари, Светите врачи Кузман и Дамјан
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени





