Младата битолчанка, Ева Милевска од скијачкиот клуб Пелистер, го освои третото место на скијачкиот натпревар “Трофеј Београд“, во категорија У-12, кој се возеше во екстремно тешки услови. Но, Ева скијаше одлично и стигна до медал, а колку било тешко да се скија во такви услови кажува и фактот дека многу не ја завршија трката и со многу повреди.
-Скијавме на -18 степени на патека која беше комплетно замрзната со многу тешкотии, но ете завршив со медал, како и посакував и ви реков пред заминувањето за Копаиник. Достојно се претставивме во Србија заедно со Мирко Лазаревски во У-16 од ски-клубот Меденица, ни рече Ева Милевски во телефонскиот разговот.
Поради тоа што македонската екипа по тешки услови дојде на натпреварувањето домаќините им искажале голема почит, за напорот во силно невреме да дојдат на натпреварувањето.
Денес треба да се вози “Алпскиот куп на Србија“кој поради лошото време беше одложен од вчера, а за утре, недела е закажан слаломот за У14 и У16.






