На 10.08.2026 во 02:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 31 годишно лице од Битола затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 71-годишен татко . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.08.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 41 годишник од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.08.2026 во 06:00 часот во СВР Битола, Ј.Т. (35) од с.Цапари, битолско, пријавил дека во угостителски објект во с.Цапари со дрвен предмет бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






