Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски деновиве изврши увид во завршените работи за асфалтирање на пристапниот пат кај манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.
-Со реализацијата на овој проект добивме многу повеќе од нов асфалтен пат. Го поврзавме манастирот со постојната спортско-рекреативна патека, создавајќи една современа, функционална и безбедна целина за пешачење, рекреација и непречено движење на сите граѓани, рекреативци, верници и посетители од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица, вели Стевановски и додава:
-Продолжуваме домаќински да инвестираме во патната инфраструктура, но и во проекти кои го подобруваат квалитетот на живот, ја разубавуваат нашата општина и создаваат нови содржини за сите генерации.
Претходно со повеќе од 2.000 метри квадратни беше поплочено и платото пред манастирот.






