На 10.08.2026 во 18:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 33 годишник од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Претходно, во 14.35 часот во СВР Битола, 21-годишна девојка од Шведска пријави дека ноќта на 08/09.08.2026 во ноќен клуб во Охрид тој извршил обљуба врз неа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.08.2026 во 01:00 часот во СВР Битола, О.К. (40) и М.К. (26), двајцата од Битола, пријавиле дека пред угостителски објект на ул. „Широк Сокак” во Битола биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 10.08.2026 во 09:25 часот во СВР Битола, Ѓ.Џ. (30) од Битола пријавила дека на ул. „Дебарска” во Битола, нејзиниот сопруг и нивниот 16-годишен син биле физички нападнати од четири лица, сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






