Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарена куќа, семејно насилство – напад на сопруга, извлечено телото на исчезнатиот рибар

На 12.08.2026 во 03:00 часот во СВР Битола е пријавено дека настанал пожар  во куќа на ул.„Индустриска” во Битола. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 11.08.2026 во 08:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 31 годишник од Битола затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата  29-годишна сопруга, при што ѝ се заканувал со остар предмет. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено  дека скокнал од чамец во езерото кај с.Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.