Press "Enter" to skip to content

Започнува првиот уписен рок на УКЛО  – 18, 19, 20 и 21.08.2026 слободни 2.115 места

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги отвора вратите за новата генерација бруцоши.  На прв циклус, додипломски студии слободни се  вкупно 2.115 места, од кои 1.074 во државна квота, 612 за кофинансирање и 429 за вонредни студии.

Според Конкурсот првиот уписен рок започнува со пријавување на кандидатите, идната недела во деновите: 18, 19, 20 и 21.08.2026 година.

Конкурсот и сите информации за уписите се достапни на официјалната веб-страница на УКЛО https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/ и веб страниците на факултетите и Високата школа.

Технички факултет – Битола           370

Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола      250

Технолошко-технички факултет – Велес   112

Економски факултет – Прилеп       202

Факултет за туризам и угостителство – Охрид     261

Педагошки факултет – Битола        245

Факултет за безбедност – Скопје    225

Правен факултет – Кичево  150

Факултет за биотехнички науки – Битола  95

Ветеринарен факултет – Битола      25

Висока медицинска школа – Битола           180

Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  потсетуваат дека со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од академската заедница од повеќе од 4.000 студенти  – обединети со повеќе од 120.000 студенти, преку членството во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

УКЛО нуди квалитетна настава, практични искуства, можности за мобилност и меѓународна соработка, како и учество во активности и програми во рамки на КОЛОРС алијансата  https://uklo.edu.mk/colours/.