Press "Enter" to skip to content

Филип Ивановски “на позајмица“ ќе брани за Охрид

Голманот на Еурофарм Работник оваа пролет ќе го брани голот на суперлигашот Охрид од Охрид.

Поради важечкиот договор со екипата на Еурофарм Работник, Ивановски за екипата на Охрид ќе настапува како позајмен ракометар.

Оваа одлука за многумина познавачи на ракометните прилики во Битола е очекувам потег на Ивановски и Еурофарм Работник со оглед на тоа дека во есенскиот дел Ивановски имаше мала минутажа на голот на “фармацевтите“.