Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен 67 годишник за предизвикување пожар, физички напад на Широк Сокак, приведување за возење без возачка

На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С. (67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул. „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2026 во 24:00 часот во СВР Битола, И.М. (75) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола бил физички нападнат од Б.А. (45) од Германија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2026 во 20:15 часот на ул. „Девеани” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.И.(23) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки управуван од Ј.И., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »