Press "Enter" to skip to content

Панихида за Павел Шатев организира УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Со панихида во црквата “С.в. Недела“ во Битола, УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја одбележа 68 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба Павел Шатев.

По завршувањето на богослужбата во знак на почит беше положено и цвеќе на гробот на Павел Шатев, каде што историчарот Ѓорги Костовски одржа еден краток говор за животот и делото на Павел Шатев.Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија.Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија.

На 30 јануари 1951 година во Битола, го завршува својот живот.