Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: дефектот поправен, водоснабдување е вратено во нормала

ЈКП “Водовод“ Битола ги известува корисниците дека дефектот е успешно отстранет.

Дефектот беше предизвикан од струен удар, при што, со заедничка интервенција и координација со надлежните институции, истиот беше експресно локализиран и отстранет.

Целокупното водоснабдување е вратено во нормала, при што во повисоките точки на градот притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на стандардните вредности.
Во текот на целиот процес беа преземени соодветни мерки за да се зачува квалитетот и безбедноста на водата, и водата е безбедна за користење.
Ви благодариме за трпението, разбирањето и соработката, соопштија  од ЈКП „Водовод“ – Битола.