Press "Enter" to skip to content

Владо Георгиев – „Господски концерт“ под ѕвездите во Битола во Хераклеја (фотогалерија)

-Господски и боемски со душа, со срце и со многу љубов создаде вечер за паметење .

-Под ѕвезденото небо на античка Хераклеа, синоќа се собра повеќе од 3.000 публика, која пристигна не само од Битола туку и околните места.

-Хераклеа беше исполнета со љубители на музиката на Владо Георгиев, кои дојдоа да уживаат во неговите безвременски хитови и препознатливиот боемски сензибилитет.Во магичната летна ноќ, античкиот локалитет се претвори во голема музичка сцена, каде што публиката заедно со својот миленик ги пееше добро познатите рефрени од неговите хитови : „Анџеле“, „Нисам љубоморан“, „До свитања“, „Ти и ја“, „Хеј ти“, „Без тебе“, „Само реци да“, „Требам те ја“, „Плава девојко“ и уште многу песни,  кои со години живеат во срцата на неговите слушатели.Рефрените ги пееше целата Хераклеа, а во некои моменти гласот на публиката се слеваше со неговиот – создавајќи посебна, интимна атмосфера.Особено впечатлива беше женската публика, која со голема емоција ги следеше секој стих и секој рефрен. За многу дами Владо Георгиев е долгогодишен миленик и идол,  а синоќа тоа беше повеќе од очигледно.Но, концертот беше и вистинска романтична приказна – бројни парови ја поминаа вечерта прегрнати, уживајќи во неговите љубовни песни под ѕвезденото небо на Хераклеа.Владо не само што пееше – тој ја живееше секоја песна. Со пијано, глас и огромна сценска енергија, настапот го носеше со искрена емоција. Особено нагласи дека се чувствува добро кога пее во живо, без да ја сокрива емоцијата зад студиски совршенство.Токму во тоа е и неговата сила – во непосредниот контакт со публиката и во начинот на кој секоја песна ја претвора во лична приказна.А, кога станува збор за звукот, концертот беше технички на високо ниво. Озвучувањето беше чисто и одлично избалансирано, а сценските ефекти и осветлувањето дополнително придонесоа за одличната атмосфера.Сè заедно го направи концертот професионален и вистинско уживање за публиката.Хераклеа синоќа не беше само концертна сцена – беше место каде што се пееја љубов, спомени и песни што траат.Публиката пееше, паровите уживаа, женската публика го славеше својот миленик, а Владо Георгиев со жива музика и искрена емоција ја претвори ноќта во незаборавна боемска приказна.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

Фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1689933012845518&set=pcb.1689935059511980

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »